(ВИДЕО) Ново издание на 360°: За судбината на автопатите што ги градат „Бехтел и Енка” – интервју со директорот на ЈПДП

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 4 ноември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Трајановски го прашуваме како договорот со „Бехтел и Енка“, кој го потпиша владата на СДСМ и ДУИ, од историски криминал стана историски проект за ВМРО-ДПМНЕ, дали има обиди за репреговарање како што најавуваше премиерот, дали договорот ќе стане јавен, колку пари му се исплатени на американско-турскиот конзорциум, дали се преиспитува договорот за надзор со конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“, како ќе се заобиколи пештерата Убавица на делницата Гостивар – Букојчани… Разговараме и за состојбата на автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце, изградбата на експресните патишта кон границата со Бугарија и Градско – Дреново – Фариш, наводите од СДСМ дека Трајановски го штити раководителот на наплата на патарините кој дозволил 40 автомобили незаконски да минуваат на патарините.

- Реклама -