Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 17 октомври 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Почна (ли) ремонтот со „наши луѓе“ во правосудството што го најави премиерот Христијан Мицкоски; на собраниска комисија не помина годишниот извештај на Судскиот совет; фотографиите со заменик-министерката и експратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, за новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, не значат дека таа е партиски избрана;
– Продолжува (не)законското градење кај пензионерскиот дом во Чаир; нема информативна табла – кој гради, што гради и по кое одобрение; надлежните занемеа;
– Ќе профункционира ли конечно Советот за граѓански надзор над следењето на комуникациите – и мнозинството и опозицијата во парламентот се убедени дека овој пат се создадени услови за конкурсот да успее и телото да проработи;
– Северна Македонија на чекор до влез во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) што треба да донесе многу побрзи и поевтини трансфери;
– „Саботажа“.