ВИДЕО| НБА: Мареј ја повреди шаката на премиерата за Њу Орлеанс



На стартот од новата сезона во НБА, Деџонте Дашон Мареј го одигра првиот натпревар во својот нов клуб Њу Орлеанс, но тој дуел сигурно нема да му остане во убаво сеќавање.

Иако засилувањето на Њу Орлеанс одигра одлично и постигна 14 поени, 10 асистенции и осум скока во победата на неговиот тим против Чикаго од 123:111, Мареј се повреи во самиот финиш.

По шут за три поена и контакт со ЛаВајн, Мареј падна на подот, потпирајќи се на левата рака додека паѓаше. Со болна гримаса и држење за рака го напушти теренот, а неколку часа подоцна стигна информација дека Мареј во таа прилика си ја скршил раката. Сѐ уште не се знае точно, но се очекува неговата пауза од кошарката да трае неколку месеци.

Овој 28-годишник најголемиот дел од кариерата го мина во Сан Антонио, чиј дрес го носеше од 2016 до 2022 година. Потоа се пресели во Атланта, а летово дојде во Њу Орлеанс.

- Реклама -