(Видео) Наполи славеше против Милан и го освои второто место во Серија А

Во дерби натпреварот помеѓу Наполи и Милан, одигран во рамките на 31-то коло од Серија А, Наполи славеше со минимални 1:0. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, влезе во игра во 85-та минута.

Актуелниот шампион, со оваа победа се врати на второто место на табелата, зад Интер со седум бода разлика, додека Милан падна на третата позиција, со девет бода помалку од Интер и два зад Наполи.

Дербито не ги исполни очекувањата; обоите тимови играа доста резервирано, како да беа повеќе фокусирани на тоа да не примат гол, отколку на постигнување на победа.

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, во 76-та минута направи клучна промена, испраќајќи го Матео Политано на теренот.

Прочитајте и:  (Видео) Го одведе Арсенал до финалето во Будимпешта

Точно три минути потоа, крилниот напаѓач покажа одличен инстинкт во шеснаесетникот на Милан, постигнувајќи го единствениот гол за победа.