ВИДЕО: Најкратката релација во светот трае 47 секунди

Патот со авион меѓу Вестреј и Папа Вестреј во Шкотска трае помалку од 47 секунди и со тоа е најкраткото патување во светот. Договорот за превоз на оваа релација неодамна повторно и’ е доделен на компанијата “Логанер“.

Авио-компанијата лета на оваа релација од 1960 година, а овој популарен лет им е претставен на туристите во 2011 година.

Услугите на “Логанер“ претежно ги користат здравствени работници, пациенти и просветни работници.

- Реклама -