(ВИДЕО) МВР: Спречено организирано бегство од затворот Идризово, откриен 40 метарски тунел

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом „Идризово“, по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку осум осудени лица подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел.

Групата од најмалку осум осудени лица, како што посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, според добиените криминалистички сознанија издржувале казна затвор во КПД Идризово за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор.

„По доставувањето на сознанијата до Управата, од нивна страна се извршени проверки на местото кое беше посочено како потенцијален тунел, при што беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот“, појасни Ангеловски.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата

- Реклама -