(ВИДЕО) МУЗИКАТА ОД КУМ ЕЧЕШЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСОТ НА СДСМ

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов веројатно има преголем стpaв од ,,тpoлање” па повеќе не одржува прес конференции пред Цнтралниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, но затоа ,,војводата” денес ја испрати својата колешка пратеничка Снежана Калеска Ванчева да одржи прес пред партиското седиште на опозицијата.

Пратеничката на СДСМ исто како Костадинов претходните неколку пати, доби ,,топол” пречек па така додека даваше изјава во позадина ечеше музиката од филмот кум.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата за медиумите на Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ:

Нема правда нема мир!

Објавувањето на видео снимките и материјалите поврзани со случајот „Рекет“ се дел од сценариото да се загрози истрагата и да се саботира доказната постапка.

Сите шеми и линкови за објавување на снимката за случајот „Рекет“ водат кон белиот дворец зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф, Никола Груевски.

Авторот на тексовите кои излегуваат во италијански медиум, има релации со ВМРО-ДПМНЕ. Советник на Никола Груевски членувал во иста организација во која членува и авторот на текстот.

Весникот има објавено интервју со Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ каде се промовира проектот на Никола Груевски против невладините организации во земјава.

Наместо да молчи за прашањата што му ги поставивме вчера, дублерот на Груевски, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски?

Дали и што примил на рака?

Јавноста има право да ја знае вистината а вистината ќе се дознае, бидејќи таа е како шило.

Денеска ќе му поставиме уште неколку прашања на Христијан Мицкоски:

Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта?

Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа?

Создадените тајкуни од режимот, во координација со Никола Груевски, помогнати од нивните извршители прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата да се претстават како жртви и да се спасат.

Секој што се надевал дека со сценарио, објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите и ќе се спаси од вина пред судовите се излажал.

Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Уште еднаш, ги охрабруваме институциите брзо да делуваат за целосно расчистување, сите актери, од прв до последен, кои се инволвирани во овој случај мора да понесат одговорност.

Нема бегање од правдата и од одговорноста.

- Реклама -