Видео: Момче заглавено меѓу ypнатинитe извадено живо

На социјалните мрежи се појави снимка од драматично сапасување на дете, кое го вадат од рушевините, по серијата земјотреси кои ја зафатија Албанија утрово.

Ова е моментот кога едно дете се вади жив од урнатините на палатата во Тумана. Палатата се сруши од силниот земјотрес со магнитуда од 6.4 кој ја погоди Албанија утрово. Според информациите детето е во стабилна состојба, но, неофицијално се дознава дека еден од роднините го загубил животот. Органите информираат дека 150 повредени се хоспитализирани.

Детето до пола заглавено под рушевините, а спасувачите се обидуваат да му помогнат, додека насекаде е мрак а луѓето светат со батерии и телефони за да помогнат во спасувањето на малото момче.

Видеото ТУКА

- Реклама -