Сенегал победи против Египет со 1:0 и се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации. За својата втора титула во историјата, Сенегал ќе се соочи со победникот од дуелот Мароко-Нигерија.
Сенегалците сосема заслужено ќе се борат за трофејот, откако доминираа против Египет во првото полуфинале. Египтјаните имаа јасна намера да го задржат својот гол, но податокот дека во првите 70 минути не успеаја да упатат ниту еден удар кон противничкиот гол зборува многу за нивната инфериорност во тој период.
Сенегал ја контролираше играта и постојано се обидуваше да создаде шанси. Наградата за нивниот агресивен пристап дојде во 78. минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Фото/ EPA




