На „Крејвен Котиџ“ се одржа неверојатен натпревар помеѓу Фулам и Манчестер Сити, кој заврши со епски резултат од 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа на теренот со статус на фаворити, што го докажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден, постигнати во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау успеа да го намали резултатот во самата завршница на првото полувреме, постигнувајќи гол во втората минута од судиското продолжение.
Во вториот дел, Сити го зголеми водството на 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута, како и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Голема надеж за Фулам донесе Алекс Ивоби, поранешен играч на Арсенал, кој погодил во 57-та минута. Домаќините продолжија со настапот и Самуел Чукувезе одговори со два гола во 72-та и 78-та минута, создавајќи голема напетост во завршницата на натпреварот.
Foto/ EPA




