(ВИДЕО) Лесковац завиен во чад, гори фабриката „Невена колор“

Пожарот во познатата фабрика „Невена колор“ во Лесковац избил доцна попладнево околу 17 часот. Вечерва огнот продолжуваат да го гаснат десетици пожарникари. Причините сè уште не се познати. Има тројца повредени пожарникари кои се во стабилна состојба

Пожарот во фабриката „Невена колор“ – Лесковац / фото: принтскрин

Причината за пожарот во фабриката „Невена колор“ во Лесковац, Србија, сè уште не е позната, а началникот на одделението за општи работи на градот Лесковац, Милан Поповиќ изјави дека пожарот најпрвин го зафатил магацинот со суровини, а избувнал околу 16:55 часот, објави Н1 повикувајќи се на РТС.

„Според неофицијални информации, пожарот избувнал во магацинот за суровини, а потоа се проширил на магацинот за готови производи“,

изјави Поповиќ за РТС.

Лесковац веќе подолго време е завиен густ чад, а во акцијата за гаснење се повредени тројца пожарникари. Нивната состојба е стабилна и не се во животна опасност.

Четири екипи на Итна помош постојано се на терен.

„Правиме сè за да спречиме поголеми штети и загрозување на човечки животи и проблеми за животната средина и животите на луѓето“,

рече Поповиќ.

Во фабриката за бои и лакови „Невена колор“ нема втора смена, па во моментот на пожарот во неа немало работници.

Вечерва на терен се 49 пожарникари и спасувачи со 17 возила.

Во истата фабрика пожар избувна и во јули 2012 година кога се запали централната комора за климатизација. Тогаш немаше повредени. Пожар избувна и во ноември 2006 година кога целосно изгоре еден од погоните на фабриката.

- Реклама -