ВИДЕО: Кога би имал магично стапче, Филипче би изградил нов Клинички центар (откако ќе го избрише вирусот)

По изминати неколку бурни месеци (борба со пандемијата, политичка кампања) и прашања на сериозни теми, министерот за здравство Венко Филипче имаме ретка прилика да го видиме во малку порелаксирано светло откако се појави во кратко и интересно интервју со познатиот јутјубер „Стефонатор“ во неговиот серијал „90 секунди“.

Одговарајќи на прашањата, Филипче откри што би направил кога би имал магично стапче, но и каков е како татко и колку му значи синот Иво.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -