(ВИДЕО) Кинез сам си обележувал улици

Како што објавија кинеските медиуми, еден Кинез е уапсен зашто на прометна раскрсница во Лијанјунганг во источна Кина сам си доцртувал стрелки и линии.

Безбедносните камери покажуваат како човекот ладнокрвно си додава дозволени смерови додека крај него минуваат автомобили; имено, на лентата за лево додава и стрелка за право, а потоа и уште едно место за чекање за тие што вртат налево.

На распитот во полиција, човекот рекол дека му е преку глава од закрченост на сообраќајот, особено на оваа раскрсница, и затоа решил да додаде уште една лента.

Може да се рече дека планот не му успеал. Казнет е со 1.000 јуани (околу 150 долари), бојата му е одземена, доцртаното е избришано, а раскрсницата е вратена во состојбата „пред поправката“.

 

- Реклама -