(Видео) Како звучи Евергринот „Македонско девојче“ во изведба на уличен свирач среде Солун

Обединета македонска дијаспора (ОМД) објави видео на кое може да се види и чуе една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“ во Солун.

Станува збор за инструментална изведба со кларинет на евергринот на Јонче Христовски од 1964 година на шеталиштето покрај морето.

Во април истата година, Виолета Томовска и Кирил Манчевски премиерно ја изведуваат песната „Македонско девојче“.

- Реклама -