Одењето е комплициран процес дури и за некои од луѓето – мислиме на оние со две леви кои задолжително ќе се сопнат и на прав пат, познати како трапави. А кога имаш 6 нозе, работата е уште посложена.
Логично, за да го поедностават процесот, мравките, како и други инсекти, ги движат нозете во парови од по три. „Тоа е како да имате две големи стапала, така сте постабилни“, вели Рајнхарт Блихан, научник од универзитетот Friedrich-Schiller.
Притоа, интересно е што секогаш мравките секогаш имаат три нозе што ја допираат земјата, дури и кога трчаат „спринт“. Кај другите живи суштества не е така; речиси сите целосно се одлепуваат од земјата кога трчаат. Така е и кај луѓето, се нарекува „аерална фаза“. Подетално за трчањето кај мравките, како и подетално видео – тука.