Добри се шансите дека некогаш си посведочил собрана група малешана од прозор или балкон, спремна да се тепа. Ако сметаш дека не е убаво деца да се тепаат, и ако си расположен за добро дело, ова е начинот.
Пушташ полициска сирена од YouTubе, рокаш звучникот на прозор, и се смееш победнички како луд негативец од холивудски филм, задоволен од тоа што децата испаднале глупи, ама барем нетепани.