ВИДЕО: Јапонскиот робот што може да ти парира во пинг-понг

Интерактивниот јапонски робот FORPHEUS (од Future Omron Robotics Technology for Exploring Possibility of Harmonized Automation with Sinic Theoretics) е дизајниран за да ги учи луѓето да играат пинг-понг, а тие што веќе знаат – да ги усовршат своите вештини.

Роботот го држи Гинисовиот светски рекорд – тој е првиот „Роботски учител за пинг-понг“. Заедно со неговиот содавач – Таку Оја, беа гости во епизода од Гинисовиот серијал Meet the Record Breakers (во превод: Запознај ги рекордерите). 

FORPHEUS користи вештачка интелигенција, камери и сензори за да го процени нивото на вештина на играчот, и со тоа да ја прилагоди играта/лекцијата.

- Реклама -