(ВИДЕО) Израелските сили упаднаа во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање на дописништвото

Наредбата за затворање е за првичен период од 45 дена, а упадот на маскирани и вооружени војници се пренесуваше во живо

Израелските сили упаднаа во канцелариите на дописништвото на телевизијата Ал Џезира во Рамала на Западен Брег и наредија затворање. Како што пренесува Би-би-си, наредбата за затворање е за првичен период од 45 дена, а упадот на маскирани и вооружени војници се пренесуваше во живо.

„Таргетирањето на новинарите на овој начин секогаш има за цел да ја избрише вистината и да ги спречи луѓето да ја слушнат вистината,“

кажа шефот на канцеларијата Валид ал Омари на кого му беше доставена наредбата за затворање.

Фото: Принтскрин

Синдикатот на палестинските новинари ја осуди одлуката на Израел, нагласувајќи дека „оваа произволна воена одлука се смета за ново кршење на работата на медиумите и новинарите кои ги разоткриваат злосторствата на окупаторите врз палестинскиот народ“.

Во мај, израелските власти упаднаа во хотелската соба во Ерусалим што ја користеше Ал Џезира како канцеларија, откако владата одлучи да ги затвори локалните операции на Ал Џезира, прогласувајќи ги медиумите за национална безбедносна закана. 

- Реклама -