(ВИДЕО) Изгаснат е пожарот во туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово – изгорена е летната тераса

Во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со четири противпожарни возила од Берово, но помош е побарана и од протовпожарните единици во Делчево, Кочани, Пехчево и Струмица

Изгаснат е пожарот што вечерва го зафати туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат од протовпожарната служба во градот.

Од изгорените делови на туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово / Фото: Принтскрин – Малеш.нет

Во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со четири противпожарни возила од Берово, но помош е побарана и од протовпожарните единици во Делчево, Кочани, Пехчево и Струмица.

Според првичните информаци, пожарот предизвикал значителна материјална штета.

Командирот на пожарната во Берово Сашко Руменовски за Малеш.нет изјави дека пожарот е локализиран и не е дозволено тој да се прошири во останатиот дел од хотелот.

„Зафатена е дел од летната тераса, но пожарот не се прошири во делот кај собите“,

рече тој.

Во пожарот, според информациите добиени од пожарникарите, изгорена е летната тераса, а огнот настанал од скарата во ресторанот.

- Реклама -