(Видео) Импресивна презентација на болидот на Ред Бул

Ред Бул со голем спектакл го промовираше автомобилот за новата сезона.

На Централната станица во Детроит, чешкиот пилот Мартин Шонка, познат по својата кариера во акробатски летови, изведе спектакуларни маневри при брзина од 200 километри на час, презентирајќи го новиот автомобил на Ред Бул.

„TB22“ е посебна почит кон возилото од 2005 година, кога Ред Бул повторно влезе во Формула 1.

Спектакуларната презентација на автомобилот најавува сезона која ќе биде историска за Ред Бул, бидејќи тимот во соработка со „Форд“ ќе произведува и автомобилот и погонската единица.

Ред Бул најде иновативен начин да ја прикаже својата нова машина, со која Макс Ферстапен ќе се бори за освојување на шампионската титула.

Нова сезона во Формула 1 стартува во Австралија на 8 март.