ВИДЕО: Идентификувале изгубено куче така што му ја пуштиле омилената песна

Во израелскиот град Биршеба било пријавено исчезнато сибирско хаски. Сопственикот имал интересен „опис“ за полицијата – ќе го најдат/познаат кучето ако му ја пуштат песната од израелската ситком серија „Шемеш“ или детскиот анимиран филм „Артур“.

Откако група тинејџери јавиле во полиција дека нашле изгладнето куче, полицајците пошле да го истражат случајот. Направиле како што ги советувал сопственикот во пријавата од погоре – му ја пуштиле на кучето песната од „Шемеш“ за да му ја проверат реакцијата. Ова било резултатот:

 

- Реклама -