Местото му е во затвop и наскоро ќе се најде таму, му порачала Гркинка на поранешниот премиер Алексис Ципрас начекувајќи го во авион.
Џорџија Битаку – новинарка, но и организатор и портпаролка на движењето „Македонија е Грција“ кое ги организираше ланските протести во Атина и Солун, му пришла на Ципрас за да го критикува за Преспанскиот договор кој беше потпишан на 17 јуни 2018-та. Ципрас седел со колешка од Сириза и со припадник на обезбедувањето, а Битаку го снимила моментот кога му се обратила на Ципрас со својот мобилен, подоцна објавувајќи го видеото на Инстаграм.
„Го знаеш ли Караватис?“, почнала револтираната Гркинка, на што Ципрас одговорил дека му звучи познато.
„Ох, и тоа како ти е познато. Тој беше македонски борец покрај Павлос Мелас“, му рекла таа на Ципрас, алудирајќи на грчкиот воен офицер кој „е познат како еден од најважните херои на Македонија во борбата за слобода“, пишува грчкиот „Greek City Times“.
„Се смееш, одиш наоколу со насмевка, но наскоро ќе одиш во затвop, бидејќи таму припаѓаш“, продолжила Битаку, додека човекот од обезбедувањето се обидувал да ја натера да си замине. „Ги нарече организаторите на ‘Македонија е Грција’ фaшиcти, но ти си најголемиот фaшиcт и пpeдавник што нашата земја некогаш го видела. Ја уништи земјата и ја продаде историјата на моите претци!“, му рекла Битаку.
Како што се гледа и од видеото, Ципрас не изгледал премногу погoдeн од реченото.