Фудбалерите на Арсенал ја победија екипата на Атлетико Мадрид со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, обезбедувајќи си место во финалето. Ова е вторпат во историјата на клубот да се бори за титулата во Лигата на шампионите; првиот пат, пред 20 години, загубија од Барселона со 2:1.
Оваа средба беше уште една шаховска битка помеѓу Микел Артета и Диего Симеоне, а поинтелигентен се покажа Шпанецот, кој обезбеди влезница за Будимпешта, каде ќе го чека подобриот од двата натпревари меѓу Баерн и ПСЖ.
Капитенот Букајо Сака ја запиша победничката точка во 45-та минута.
Виктор Ѓекереш упати центаршут од десната страна, Леандро Тросар ја прифати топката и со силен удар ја испрати кон голот. Јан Облак успеа само накратко да ја одбие, а Букајо Сака ја смести во мрежата за 1:0.
Арсенал ја оправда својата улога на фаворит, не само поради нерешениот резултат во Мадрид, туку и затоа што се единствен клуб без пораз во тековната сезона на Лигата на шампионите (имаат 11 победи и три нерешени резултати).
Диего Симеоне и неговите играчи од Атлетико се во тага, бидејќи овие се покажаа одлично во Лигата на шампионите оваа сезона. Имаа свои шанси вечерва, но лондонските „топџии“ заслужуваат да продолжат во финалето.
Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта на стадионот „Пушкаш Арена“.
Foto/ EPA




