,,Градоначалникот на Општина Бутел, ја вработила сопругата на братучедот на позиција која што е многу чувствителна (Референт за ликвидатура, финансиско-сметководствени и благајнички работи).
Таа се пријавила на конкурсот како Албанка, затоа што позицијата според годишниот план за вработувања, била резервирана за етнички Албанец.
Иако е мултиетничка општина, бројот на вработени во општината на лица кои што не се етнички Македонци не надминува ниту 15%.
Ова е само еден од многуте случаи каде што одредени лица ја злоупотребиле етничката припадност за да се вработат во општината.”