ВИДЕО: Еве што народ одел во градска кафана во Битола во 1912 година

Во снимкава од архивата на Кинотека на Македонија, а снимена од браќа Манаки (барем според описот под видеото), е прикажано отварање на градска кафана во Битола.

Прикажани се скалите на влезот, што е супер прилика од денешна перспектива да се измеркаат луѓето што доаѓале во кафаната.

Меѓу нив ќе видите жени со деца, господа во придружба на дами, српски офицери, господа со полуцилиндри, свештеници итн. Сите дотерани, и ја симнуваат шапката во знак на поздрав. Во еден од кадрите во главен план се и домаќините кои љубезно ги пречекуваат гостите.

- Реклама -