Експлозии вечерва се слушнаа во Багдад, ирачката престолнина, во услови на зголемена регионална напнатост. Локалните медиуми известуваат дека сирените се вклучиле во комплексот каде што се наоѓа американската амбасада, а активирани се и системите за противвоздушна одбрана. Во моментов, не може да се потврди со сигурност дали зградата на амбасадата била погодена.
Овој инцидент се случува и покрај изјавата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, кој потврди дека Иран нема да изведува напади врз соседите, освен ако прво не бидат нападнати од нивна територија.
Иран, од 28 февруари, започна со лансирање ракети и беспилотни летала кон Израел и земјите од Персискиот Залив, каде што се распоредени американски воени сили. Некои од овие напади причинија жртви и материјална штета на цивилни објекти, вклучително пристаништа и станбени згради. Техеран тврди дека нападите се одговор на воената кампања на САД и Израел против Иран, во која, според иранските власти, загинале стотици луѓе, вклучувајќи и религиозните лидери и високи воени функционери.




