[
На руските и украинските канали на комуникациската платформа „Телеграм“ кружи видео на кое наводно се гледа апсењето на двајца руски војници кои одбиле да се борат против украинските сили, пренесува „Гардијан“.
На видеото се гледаат двајца мажи во воени униформи како стојат пред својот командант.
Според Медуза, независен руски информативен портал кој го објави видеото кое првично беше објавено на телеграмскиот канал „Воен првобранител“, инцидентот се случил во Белгородската област, Русија.
„Истражителот ги известува полицајците дека на 16 ноември се кривично пријавувани затоа што одбиле да извршат наредба. За ова дело е предвидена затворска казна од две до три години. Службениците се приведени“, се слуша на видеото.
Активистите за човекови права тврдат дека видеото е направено „за да ги предупреди другите“.