Оперскиот пејач Игор Дурловски сподели ново видео на своите друштвени профили и искрено, ќе пропуштите ако не го погледнете. Овојпат (ако не важело и претходно) тоа важи и за политичките неистомисленици.
„Малите наpoди по бројност, предодредени се во вечната бopба за докажување да раѓаат големи индивидуи“, пишува Дурловски во описот на видеото посветено на грузискиот композитор Гија Канчели од Тбилиси (10 август 1935 – 2 октомври 2019).
Покрај прекрасната изведба на Дурловски на композицијата на Канчели – „Жолти лисја“, тука е и преубавиот Галичник да ви ги paзгaли ceтилата.
Истовремено, Дурловски се заблагодарува и до Александар Пауновски затоа што секогаш ги доловува визуелно неговите идеи, на Стојан Стојановски за прекрасната фотографија, на Мартин Павловски за шминката и на Кокан Димушевски за аудиото.
И секако, оригиналот, зашто сигурни сме дека ви се слуша цел: