(ВИДЕО) Драма на аеродромот во Анталија – се запали авион веднаш по слетувањето

На видеата што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека единиците за итни случаи реагираат на местото на пожарот, додека пламен и чад излегуваат од моторот на авионот

Фото: принтскрин

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција доцна попладнево, се вели во соопштението на турското Министерство за транспорт, објави Ројтерс.

Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле времено прекинати додека властите го влечеле авионот од пистата.

Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет 100 кој допатувал од руското одморалиште Сочи на Црното Море, соопшти Министерството.

На видеата што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа дека единиците за итни случаи реагираат на местото на пожарот, додека пламен и чад излегуваат од моторот на авионот.

Видеата што ги сподели Министерството за транспорт по инцидентот покажаа дека леталото има пена за гаснење пожар под него додека пожарникарите продолжуваат да го прскаат моторот од левата страна за да го изладат.

- Реклама -