ВИДЕО: Да те удри гром додека шеташ по плажа

Талин де Кампос (25) и нејзиниот дечко шетаат по плажа. Одеднаш ја погодува молња. Моментално, девојката е во кома и дише на апарати. 

Кармини Пачеко (52) стоела на прозор и ја снимала плажата во Итанхему во Бразил. Одеднаш се слушнал силен удар/пукот и девојката паднала. Веднаш е однесена во болница. Дечкото не бил повреден.

Од снимката се гледа како на плажата, иако се спрема невреме, одат десетина луѓе и никој од нив не размислува да се засолни. Сведоците велат дека невремето дошло изненадно. Метеоролозите, од друга страна, велат дека луѓето на снимката се однесувале неодговорно и непретпазливо, и дека требало побудно да ја следат состојбата и да внимаваат на доаѓањето на бурата, во контекст на тоа дека несвесно си ги ризикувале животите со самото шетање по плажата.

https://youtu.be/qPe8-f-696Q

 

- Реклама -