Арсенал стана новиот шампион на Англија! Во натпревар од 37-то коло на Премиер лигата, Манчестер Сити одигра 1:1 реми на гостувањето кај Борнмут, што ја задржа екипата на 78 бода, четири помалку од Арсенал пред последното коло.
За екипата на Пеп Гвардиола беше неопходна победа во овој меч за да остане во игра за титулата, но не успеаја, што значи дека Арсенал по 22 години повторно седи на тронот во Англија.
Голот за домаќините го постигна Ели Жуниор Крупи во 39-та минута, додека Ерлинг Халанд израмни на 1:1 во петтата минута од судиското продолжение, внесувајќи драма во завршницата на натпреварот.
Фото/ EPA




