Возило марка „Тојота“ во Русија останало со празна батерија откако додека се движело на магистрала во Новосибирск било двапати погодено од молња, за многу краток временски период. Сето тоа е фатено на камерата на Галина Ерсхова, која возела зад „Тојотата“, а блесоците биле толку силни што привремено ја заслепиле, објави „Russia Today“.
Благодарение на принципот наречен Фарадеев кафез, сите патници од автомобилот се добри, иако возачот, Ана Наказник, е изненадена што никој од очевидците не ѝ пришол за помош по бизарниот настан.