Американската крајбрежна стража пронајде 1.8 тони кокаин во Пацификот, спакуван во пакети кои слободно лебделе по океанот. Вредноста се проценува на повеќе од 50 милиони долари.
Пакетите меѓусебно биле врзани со јаже, а меѓу нив се заплеткала и една желка, пишува Дејли Мејл. Екипажот на патролниот брод ги пресекол јажињата и ја ослободил желката.
Пратката е најдена во рамките на операцијата „Мартиљо“, која крајбрежната стража ја спроведува на источниот Пацифик со цел пресекување на кокаинските трговски рути.