Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот.
Влегол во собата и ѝ рекол на Трпана:
– Приметуваш ли нешто поразлично на мене?
Трпана го погледнала и му рекла:
– Не.
Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само чизмите на нозете.
Повторно ја прашува, овој пат малку погласно:
– А, сега, приметуваш ли нешто поразлично?
Трпана го крева погледот и му вели:
– Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси!
Бесен, Трпе почнал да се дере:
– А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?!
– Нее! – одговорила Трпана.
– Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе.
Трпана на тоа му одговорила:
– Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир…