Пред 2 недели наполнив 38 години. Бев многу разочаран затоа што мојата жена и децата не се сетија на мојот роденден.
Заминав на работа, каде што ме дочека мојата секретарка Лидија пеејќи:
-Среќен роденден шефе!
Одлучила да ме части ручек во ресторант, а потоа ме повика кај себе на чаша вино. Рече:
– Раскомоти се, за минута доаѓам, ти подготвив нешто…
– Само повели!
Лидија се врати за 5 минути со торта во рацете, а зад неа беа мојата жена, децата, пријателите и колегите од работа. Јас седев на каучот многу изненаден и гол како пиштол!