Еден човек купил најнов мерцедес и на патот кон дома, на семафорот крај него застанало едно Југо. Човекот од југото отворил прозор и викнал:
– Имаш ли ти ТВ во тој мерцедес?
– Имам, имам.
– А GPS?
– Имам, имам и тоа.
– А кревет?
– Кревет? Немам кревет.
– Е гледаш. Јас имам, хахаха – и продолжил да вози.
Човекот од мерцедесот се изнервирал што нема кревет и нарачал специјално да му се направи.
Му направиле кревет и тој сиот среќен се возел низ цел град и го барал човекот со југото да му се пофали. Најпосле го видел на некој паркинг, а таму сите прозорци биле замаглени. Тропнал на прозорецот, тропал, тропал, на крајот се отворил.
– Што тропаш бе луд?
– Епа и јас имам сега кревет!
– Ех будало една. Ме извади од под туш за да ми го кажеш тоа?!