Компанијата ВИА Маркетинг по пет години постоење официјално го објавува ребрендирањето на логото на компанијата кое е инспирирано од римскиот број 5, V како победа и А како нов почеток, успех.
ВИА маркетинг во Македонија е позната по необичните промотивни материјали, рекламни сталажи, мегабалони поставени во градските центри, уникатни маркетинг-подароци кои компаниите ги користат во своите маркетинг-цели.
“Пред 5 години во Македонија донесовме промотивни материјали кои навистина го изменија и освежија начинот на кој компаниите ги реализираат своите маркетинг цели. Во Македонија сме добро познати како единствена компанија која располага со мега балони наменети за различни видови на промоции. Во изминатите пет години го раширивме пазарот и во соседните земји, Албанија, Косово, Србија и Бугарија. Денес го најавуваме ребрендирањето на логото како заокружување на овие 5 години но и како најава за големите проекти кои следуваат од ВИА”, вели Нино Димков директор на ВИА Маркетинг.
Компанијата е составена од тим на млади ентузијасти кои ги прифаќаат предизвиците и никогаш не знаат да кажат не.
“Успешното ребрендирање бара многу повеќе од преработено лого, се бара визија и професионалност која ќе ги инспирира клиентите, инвеститорите, соработниците”, додава Димков.
ВИА Маркетинг успешно работи веќе 5 години. Фокусот на компанијата е насочен кон поддршка на маркетинг-агенциите. ВИА Маркетинг нуди широк спектар на производи, почнувајќи од услуги од типот на веб-дизајн и графички дизајн, концепти, идеи, организација, промоции, па сè до производство и монтажа.