Во фудбалот многу работи се променија во последните 15 години. Наназад, во 2001 година, Лидс Јунајтед на Питер Ридстејл се бореше за врвот на табелата меѓу најдобрите тимови во Англија, екипата на Њукасл за место кое води во Лигата на шампионите, а еден Кевин Филипс беше најдобар стрелец во Европа.
Во тоа време во Холандија, младиот напаѓач на Ајакс Златан Ибрахимовиќ полека прераснуваше во врвен напаѓач. Но, тој не беше единствениот темпераментен млад центарфор во клубот пред кој стоеше светла иднина. Имаше еден играч две години помлад од него, кој постигнуваше двојно повеќе голови од него. Од дваесет годишниот Златан многу се очекуваше, од Ахмед Хусеин Абделхамиј , за пријателите Мидо, се очекуваше уште повеќе.
Ова чудо од дете пристигна во Белгија со 16 години. Три години подоцна, тој беше најпознатиот Египќанец на планетата. Како вистинска ѕвезда, не бегаше од шоубизнисот, додека играше за Гент, беше во врска со Мис Белгија и беше инспирација за таблоидите во Белгија, нешто како Пош-Бекс тандемот во Англија. Со само дваесет години се појави во живо на Египетската државна телевизија, а неговиот настап е оцент како најгледан.
„Во Египет тој е Бог“, беа зборовите на менаџерот на Ајакс Роналд Куман за деветнаесетгодишниот Мидо по одиграниот пријателски натпревар во Каиро. Напаѓачот го следеа орди од навивачи каде и да отидеше.
Мидо и Ибрахимовиќ беа дебитанти во сениорскиот тим на Ајакс во сезоната 2001/2002 и тогаш се забележани нивните први големи трофеи, лигата и купот на Холандија. Сепак, тие не придонесоа подеднакво за овие успеси. Ибрахимовиќ нешто подоцна почна да ги носи своите тимови до бројните титули, но таа година беше во лоша форма, од срдината на декември до крајот на сезоната, постигна само еден гол. Од друга страна, Мидо токму во овој период влезе во форма, постигна 10 гола во последните девет натпревари во сезоната, со што го зацементира газот на Златан на клупата за резервни играчи и го деведе Ајакс до титулата во претпоследното коло. За навивачите тој беше „кралот на Каиро“.
Во Египет, манијата ги имаше надминато сите нивоа. „Гардијан“ во 2003 година пишува, „Мидо е во мислите на секој Арапин, на усните им е само неговото име. Тој е за Египќаните исто како што Марадона беше за Аргентинците, ако не и повеќе од тоа“.
Недопирливиот крилен играч – Енди ван дер Мејде, Мидо и Ибрахимовиќ беа неразделни пријатели. Тројца талентирани млади луѓе на кои им се отвораа сите врати. Холанѓанецот раскажува за тоа како со останатите двајца се тркаа низ улиците на Амстердам („Златан возел мерцедес, Мидо ферари а понекогаш и BMW Z”). Дечкиве по се изгледа имале намера да ги искористат сите предности што им ги нудеше фудбалот.
Најчесто тие се согласуваа. Кога не беше така, имаше проблем: по еден натпрервар, Мидо во соблекувалната фрли ножици по Златан, а по казна заврши во резервниот тим на Ајакс. „Малку го исплескав за казна, но 10 минути подоцна веќе бевме гушнати“, пишува Ибрахимовиќ во неговата биографија. „Многу подоцна, дознав дека нашиот менаџер ги има сочувано оние ножици како сувенир, за да ги покаже на децата“.
Но, иако според карактерот овие фудбалери беа слични, нивното потекло е сосема различно. Мидо е од исклучително богато каирско семејство, татко му финансирал во неговто приватно образование. Ибрахимовиќ пак, доаѓа од Розенгард, гетото во Малме. „Пиво од лименка, Ју музика, празен фрижидер и војната на Балканот, само тоа го имав дома“.
Еден богат млад човек, еден млад и сиромав, двајцата екстремно талентирани и непослушни. Се чинеше дека долго ќе доминираат во европскиот фудбал.
Сепак, само еден од нив успеа својот темперамент и егоцентричност да ги претвори во брилијантна кариера. Другиот, истите овие карактеристики го однесоа по сосема различен пат. Во деценијата што следеше по Ајакс, Ибрахимовиќ за шест европски клубови има постигнато 330 гола и освои 16 трофеи.
Мидо за Ајакс одигра само две сезони а инцидентот со ножиците ја надмина границата на толеранцијата на Куман. Следеа настапите за Селта Виго, за Марсеј со Дидие Дрогба, и за Рома, потоа две и пол сезони ги помина во Тотенхем. Под татковскиот надзор на Мартин Јол, се чинеше дека најпосле ќе се смири. Сепак, следните пет години ги помина во преселувања во англиските пониски лиги, две годони позајмица во Египет, и пензионирање на возраст од триесет години со многу повреди и вишок тежина.
Зарем треба да не чуди што само едниот од овие двајца фудбалери навистина се има докажано? Ибрахимовиќ го задржа своето борбено тело во добра состојба и гладта за трофеи му се зголеми, а Мидо одамна ја остави зад себе спортската и физичката подготвеност. Денес, со 33 години, му се насмевнува кариерата на ТВ водител.