“Dirty Dancing” е филм кој е многу популарен поради танцувачките вештини кои можевме да ги видиме од главниот актер Патрик Свејзи и неговата партнерка Џенифер Греј. Тие со своите танцувачки способности не натераа и ние да заиграме, а полажаа дека во 60-тите биле присутни различни “гревови“ меѓу младите луѓе.
Во видео клипот од десет минути можеме да видиме преку 40 “гревови“, кои случајно или намерно им се „лизнаа“ од рацете на продуцентите.
Во филмот во кој патријахалното семејство на сите начини се обидува да ја запрат ќерката-тинејџерка да не падне во канџите на актуелниот главен шармер, се свтува на разни озборувања, кражби, измами и интриги.
Една од највпечатливите работи кои не биле вообичаени во 60-тите е дека Бејби (Џенифер Греј) позајмува пари од своите родители и изчезнува неколку дена, со цел да научи да танцува со Џон (Патрик Свејзи), од забранетите абортуси, измами кои се одигруваат зад отклучени врати и разрешувања на мистериозни кражби во рок од 3 часа.
Како кулминација на целата приказна беше песната “Time of my life” од 80-тите која некако, не знаеме и ние како, постои во филм во кој се одигруваат 60-тите години.
Погледнете го видеото: