Понекогаш за да ги промениме околностите, од нас се бара само да претпоставиме дека нештата веќе се случиле, па прашањето не е зошто и што можев да направам за да ги спречам, туку како најбрзо да ја прифатам состојбата и да продолжам напред.
Најлесно е да паднеш повторно, ако постојано ја држиш главата свртена наназад, за да видиш каде точно си се сопнал или лизнал, а не гледаш пред себе за да ја избегнеш истата неприлика повторно, и повторно.
Зашто, додека се обидувате да го најдете каменот што ве сопнал, загубата на вашето драгоцено време од вашиот живот и патот пред вас може неповратно да обрасне во плевел и никогаш повеќе да не го најдете. Тогаш сè станува едно бескрајно и упорно скитање во густа шума, од која тешко може да се излезе.
Затоа не губете време во потрага по изгубеното минато, туку само и исклучиво градете ја својата иднина!
Не ти ги посакувам сите дарови,
ти го посакувам она што повеќето го немаат:
Ти посакувам време да се радуваш и да се смееш.
Користи го и можеш само да добиеш.
Ти посакувам време за дејствување и размислување,
време не само за тебе, туку и за другите .
Не ти посакувам време за брзање и трчање, туку време да бидеш среќен.
Не ти посакувам време кое едноставно ќе го „убиеш“.
Ти посакувам да ти остане вишок за воздишка и вера,
наместо постојано да гледаш во часовникот.
Ти посакувам време да ги достигнеш ѕвездите и време е да пораснеш, да созрееш.
Ти посакувам време повторно да сонуваш, да сакаш.
Ти посакувам време да се разоткриеш себе. Да уживаш во секој ден и час.
Ти посакувам и време да простуваш. Ти посакувам да имаш време да живееш!
Ели Михлер