Вежбате, а пак не сте во форма? За тоа се виновни гените

joggingTrailsТрошите часови и часови во физичка активност, а никако да дојдите до посакуваните резултати? За тоа можете да ги обвините родителите. Како што тврдат  истражувачите, една од пет личности наследува „гени за лоша физичка форма“, па колку и да вежбаат нема да ги постигнат посакуваните резултати.

Aerobic-Exercise2Трошите часови и часови во физичка активност, а никако да дојдите до посакуваните резултати? За тоа можете да ги обвините родителите. Како што тврдат  истражувачите, една од пет личности наследува „гени за лоша физичка форма“, па колку и да вежбаат нема да ги постигнат посакуваните резултати.

Резултатите на истражувањето сугерираат дека е доволен само еден мал тест на крвта за да дознаеме дали се исплаќа или не вежбањето, па дали е потребно да побараме други начини за да бидеме со подобро здравје и да го зачуваме истото.

Истражувачите од вкупно 14 институции од Европа и САД проучуваа 600 испитаници. Ним им се мереше количината кислород која ја внесуваат во белите дробови, што е показател за нивото на способноста на срцето да пумпа крв и едно од најдобрите средства за да се предвиди долг и здрав живот. Трчањето, возењето велосипед и брзото одење ја зголемуваат способноста на телото да внесува и да го користи кислородот со што се зголемува отпорноста на болести.

Потоа истражувачите своето внимание го насочија кон ДНК на испитаниците каде открија 30 гени кои се директно одговорни за внесувањето кислород. Меѓу тие 30 изолираа 11 гени на кои постојат одредени разлики поврзани со состојбата на организмот после возење велосипед. Од тука се донесе заклучок дека еден од петмина има гени заради кои внесувањето на кислородот после физички активности не се зголемува, со што автоматски не му се подобрува ни телесната форма.

Џејмс Тимонс, кој ја водеше студијата, верува дека тестот на крвта, односно ДНК тестот за одредување на постоењето на „анти-фитнес генот“ многу брзо ќе биде патентиран и ќе се најде на пазарите ширум светот. Него ќе можат да го користат матичните лекари како и стручњаците во теретаните и фитнес центрите за да можат да предложат поквалитетна програма за вежбање. [Unable to shed weight after hours of gymming? Blame your genes!]

- Реклама -