Вежбањето може да предизвика оргазам кај жените

вежбањеИако долго време постоеле теории дека вежбањето може да им помогне на жените да постигнат сексуално задоволство една нова студија нашла научни докази. Само со вежбањето на мускулите на јадрото жените можат да достигнат оргазам.

Истражувањето, спроведено од Деби Хербеник од Универзитетот од Индијана, покажува дека овие оргазми кои се резултат на вежбање најчесто се поврзуваат со стомачните вежби, искачување на јаже, велосипедизам и дигање тегови. Анализата на податоците покажува дека 20 проценти од жените кои искусуваат оргазам како резултат на вежбање не можат да го контролираат своето искуство и мнозинството од нив „не фантазирале сексуално и не мислеле на некој кој го сметаат за привлечен за време на искуството“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Хербеник објаснува дека механизмот зад оргазмите предизвикани од вежбање се нејасни – но дека таквото вежбање може да има влијание врз сексуалните активности на оние кои го искусуваат феноменот. „Можно е дека вежбањето – за кое веќе е јасно дека има значајни придобивки за здравјето – има потенцијал да ги подобри и сексуалните животи на жените.“ објаснила Деби Хербеник за Medical Express. [Scientific proof that exercise can cause female orgasm]

- Реклама -