Вежбањето за време на бременоста не им помага само на бремените жени и на бебето, бидејќи како што тврдат научниците, трудниците кои што редовно вежбаат им помагаат на своите бебиња да немаат висок крвен притисок.
Имено, научниците утврдија дека децата и мајките кои што биле активнини за време на блажената состојба, во последното тромесечје, имале многу понизок крвен притисок кога ќе наполнат десет години од децата чии што мајки не вежбале.
Истражувањата опфатиле и бебиња кои се родени со помала тежина од просечната, што исто така влијае на зголемен крвен притисок во иднина.
„Утврдивме дека телесната активност во текот на одредени периоди од бременоста, влијае на здравјето на детето и поради тоа им препорачуваме на мајките да вежбаат и на тој начин да влијаат врз здравјето на своето дете во иднина“, вели професорот Џејмс Пиварник од универзитетот во Мичиген.