Вествик ги негира обвинувањата за силување

Актерот од „Gossip Girl“, Ед Вествик, ги демантира обвинувањата за силување кои вчера против него ги изнесе актерката Кристина Коен.

Актерката преку статус на Фејсбук тврдеше дека Вествик ја силувал во неговиот кревет, во неговата куќа.

На ова, тој одговорил: „Не ја познавам оваа жена. Никогаш не сум се присилувал сам себе на нешто, во било која смисла, ниту пак тоа сум го направил на некоја жена. Тврдам дека никогаш не сум силувал никого“, објави Вествик на својот профил на Инстаграм.

- Реклама -