Вештачко дишење за миленици

Кардиопулмонална реанимација, или вештачко дишење за миленици(куче и мачка) е многу слично како кај луѓето. Оваа мерка се употребува доколку вашето милениче е во бесознание, не диши повеќе и нема опасност да биде каснато од друго животно. Целиот процес се состои од неколку чекори:

1. Отстранете ги сите пречки
Отворета ја устата на животното и проверете дали има некакви предмети или пречки. Доколку има, отстранете ги за да може воздухот непречено да се движи.

2.Наместете ја главата во природна положба и изведете неколку вештачки дишења
а. За средни и големи кучиња. Затворете им ја устата силно, и издишете во носот. Градниот кош на кучето би требало да порасне. 2 вдишувања се доволно
б. За мали кучиња и мачки. Со вашата устата покрите ги и носот и устата на животното и издишете. Градниот кош на животното би требало да порасне. 2 вдишувања се доволно
6a00e554e81be388340120a87ef1c1970b-800wi

3. Нареден чекор, притискање на крадниот кош
Легнете го животното на страна(доколку има развиени и широки гради, легнете го на грб како кај луѓето) и со исправени раце(не подвиткани лакти) притискајте го градниот кош 5 пати.
dog_cpr_jvecc

4. Повторете ги чекорите 2 и 3 се додека животното не започне само да диши

5. Не дозволувајте да испаничи животното откога ќе дојде при свест. Држете го смирено додека не поминат 2-3 мин. Подоцна однесете го на ветеринар.

На ова постаро но многу поучно видео, можете да видите како се извршува целата процедура
[youtube]http://youtu.be/xzwZJ0PHe-E[/youtube]

- Реклама -