Весковски од Карпош: Време е Јакимовски да го испратиме во пензија

„Карпош не е парче бетон, не е корупција, не е место каде царува криминалот, да се обединиме и да не дозволиме минатото да го заземе местото на иднината, време е Стевче Јакимовски да го пратиме во пензија“, рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош, на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Душко Весковски.

„Заедно сме тука за вистинскиот избор за нашиот Карпош и ви ветувам дека проектите во мојата програма не само реално остварливи, туку ќе бидат вистински реализирани, и не само тие заеднички ќе креираме уште многу, да излеземе за проевропскиот концепт“, додаде тој.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за модерна и европска општина која оди напред, а не политиките на еден политичар со неуспешна кариера да се врати назад и да го врати минатото.

Извор: Центар.мк

- Реклама -