Вештачките засладувачи активираат промени, кои можат да доведат до дијабетес и дебелеење

Вештачките засладувачи би требало да ни помагаат да го контролираме нивото на крвниот шеќер и да го избегнуваме вишокот килограми.

Новите истражувања сепак, ги поврзуваат овие состојки со речиси сè – од дијабетес тип 2 до кардиоваскуларни заболувања. Научниците продолжуваат да не се целосно сигурни како точно ни влијаат – но, засега знаат дека нашите тела не реагираат добро на вештачките засладувачи.

Ново истражување направено врз луѓе и глувци, ги поттинало истражувачите од Институтот Вајцман во Израел да веруваат дека вештачките засладувачи влијаат негативно на бактериите во нашиот дигестивен систем. На овој начин тие предизвикуваат гликоза, што е прв чекор кон метаболички синдром и дијабетес. Истражувањето е објавено во Nature.

„Нашите резултати покажуваат дека кај одредени индивидуи вештачките засладувачи можат да влијаат  на композицијата и функцијата на микробиома во дигестивниот систем”, вели Ерани Елинав, имунобиолог и коавтор на студијата. За да се разбере односот помеѓу засладувачите и нивото на шеќерот, научниците разгледуваат три вообичаени вештачки засладувачи – аспартам, суркалоза и сахарин.

Тие откриваат дека и трите предизвикуваат промени во нивоата на шеќерот во крвта кај глувците. Уште поинтересно во случајот е дека оваа промена била поголема во споредба со оние животинки кои примале нормална количина шеќер. Потоа научниците го проучуваат начинот на кој засладувачи влијаат на бактериите во дигестивниот систем на глувците, давајќи антибиотици на оние животинки , кои земале вештачки засладувачи. Тие ги уништија сите бактерии и го вратија во нормала нивото на шеќерот во крвта.

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење

Научниците спроведуваат и голем број други експерименти, кои им помагаат да стигнат до заклучок дека промените во бактериите во дигестивниот систем се одговорни за штетните ефекти врз метаболизмот на телото. Потоа научниците одлучија да ги спроведат своите тестови на мал број луѓе. Резултатите не се изненадувачки. Оние кои што тврдат дека земаат редовно засладувачи, имале повисока тежина. Евидентирани се промени и во бактериите во дигестивниот систем.

При друго истражување пак седум лица, кои во принцип не прифаќаат вештачки засладувачи, почнуваат да се хранат со нив во период од 1 недела. Само после 4 дена биле пребројани промени во дигестивниот систем. Шеќерот во нивниот шеќер се зголемил. Важно е да се истакне дека телата на не сите луѓе реагираат на ист начин.

Иако резултатите се значајни, научниците веруваат дека треба уште време и тестови врз луѓе, пред да не советуваат да ја промениме исхрана.

- Реклама -