Вештачката интелигенција создава оружје – научниците загрижени за човештвото

Научниците предупредија за опасноста од употребата на вештачка интелигенција при создавањето на борбена техника и нови системи за вооружување. Имено, повеќе од 1.000 инженери и истражувачи имаат напишано писма и предупредувања на оваа тема.

„Ако некоја голема воена држава се обиде да излезе напред во развојот на оружје со вештачка интелигенција, тогаш глобалната трка во вооружувањето е практично неизбежна. Крајната точка на оваа технолошка траекторија е очигледна – автономното оружје ќе стане утрешниот” Калашников “, се истакнува во најновиот документ потпишан лично од Стивен Хокинг.

Авторите на писмото повикуваат за откажување од користење на вештачката интелигенција при создавањето на борбена техника. Тие предупредуваат дека оваа вооружена трка ќе доведе до непредвидливи последици. Прашањето за создавање на боречки роботи е разговарано во Обединетите Нации. Меѓународната организација ја разгледува можноста за забрана на одредени типови автономни борбени системи.

Меѓу потписниците на пораката се познатиот физичар Стивен Хокинг, професорот Ноам Чомски, претприемачот Елен Муск и еден од основачите на компанијата Apple – Стив Возниак.

- Реклама -