Верувајте му на сопствениот инстинкт

мозокСпоред студија, извршена на Универзитетот од Алберта во Канада, кога се работи за носење одлуки за иднината, вашата потсвест е помудра отколку што мислите и може да биде одличен мотиватор.Сара Мур, истражувач од Alberta School of Business и нејзини колеги од Дјук и Корнел универзитетите велат дека потсвесните чувства за предмети во околината влијаат врз работењето кон долготрајните цели.

Нивната студија истражува како потсвесниот мозок одговара на предметите во однос на целите на индивидуата – и како потсвеста продолжува да влијае врз чувствата за овие предмети по достигнувањето на целта, без разлика дали бил постигнат успех или не. „Во последните неколку години, ние забележавме дека некои од идеите на Сигмунд Фројд за несвесниот ум всушност биле точни и дека голем дел од нашите одлуки и чувства се направени врз основа на работи за кои не сме ни свесни“ изјавила Мур.

„Во нашата студија, анализиравме како нашите потсвесни чувства за одредени предмети во околината влијаат врз тоа како се обидуваме да ги достигнеме нашите цели.“ Мур забележува дека претходни студии покажале дека кога се однесува на краткорочни, специфични цели, ваквите реакции на основни потреби како жед или глад, потсвеста ги проценува предметите и оформува преференци врз основа на тоа дали предметот ќе помогне во постигнувањето на целта или не.

Таа додава дека во случајот на жед, предмет како фонтана или шише со сок ќе бидат оценети како пожелни, додека храната не. Но, таа објаснува дека штом ќе биде достигната целта, тие предмети ќе бидат оценети поинаку. „Откако ќе ја задоволите својата жед, не ја оценувата фонтатата како позитивна бидејќи целта е достигната. Но кога гледаме на долгорочни цели има разлики.“ Истражувањето на Мур се фокусирало на долгорочни цели, како слабеење или оставрување на образование.

За двата типа на цел, таа вели дека процесот е сличен во тоа што потсвеста ја идентификува и позитивно реагира на предмети и знаци во средината кои ја подржуваат таа цел. Но, потсвеста се справува различно со овие предмети за време на прогресот кон долгорочна цел. Мур вели дека за разлика од краткорочните цели, потсвеста постојано позитивно ги оценува предметите поврзани со долгорочната цел дури и откако ќе биде постигнат одреден успех.

Таа додава дека феноменот посочува кон неспецифичната природа на дадената цел. „Едноставно, никогаш не ,завршуваме’ долгорочни цели. Ако успешно го завршиме малиот чекор кон остварувањето на долгорочната цел, тој станува циклус: правиме мал чекор, остваруваме успех, се чувствуваме добро; па затоа продолжуваме да се чувствуваме добро за долгорочната цел. Овој процес ги зголемува шансите да го направиме следниот мал чекор кон достигнување на целта.“
 
Она што е изненадувачко за истражувањето е како учесниците во студијата реагирале на предмети по неусепх. Додека истражувачите очекувале учесниците кои доживеале неуспех да реагираат негативно или да искажат одбивност кон предметите поврзани со нивната цел, Мур и нејзините колеги забележале дека неуспехот создавал неутрален став кон предметот. „Не го мразите предметот поврзан со целта бидејќи таа цел е многу важна за вас во долгорочниот план“ додава Мур. „Потсвеста ви кажува ,сега не е време за работење кон оваа цел. Не успеа, одмори малку. Сега нема да ги следиме овие предмети во средината; ќе се префокусираме на друга цел.’“ [Why we’re right to trust our gut instincts: Scientists discover first decision IS the right one]

- Реклама -