Верстапен: Ред Бул ќе помине повеќе време во гаражите отколку на патеката на првиот тест во Барселона.

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, членот на Ред Бул, Макс Верстапен, зборува за своите планови за претстојниот тест во Барселона.

Годинава Формула 1 се подготвува за значајни промени во правилата, каде дел од моќта на моторите ќе ја обезбеди електричната компонента.

„Ниту еден од нас не е сигурен како новите автомобили и мотори ќе се покажат. Верувам дека на првиот тест во Барселона ќе минеме повеќе време во боксовите отколку на патеката. Се надевам дека по двата теста во Бахреин во февруари, ќе имаме појасна слика“, изјави Верстапен.

Тимовите ќе ги започнат своите подготовки за овие големи промени со тестови овој месец. Првите трки ќе се одржат зад затворени врати во Барселона од 26 до 30 јануари, а потоа следуваат официјалните тестирања во Бахреин од 11 до 13 февруари и од 18 до 20 февруари.

Фото: ЕПА